|
Претпријатието NOVAK FAIRS е основана на 1.10.2002 година,
Основач: Маја Новак-Черепналковска,
Претпријатието NOVAK FAIRS е специфична и единствена во својата дејност:  | застапство на ино саеми
|  | организирање на саемско претставување на македонското стопанство на ино саеми, изложби и презентации
|  | организирање на деловна посета
|  | организација на семинари и деловни средби и собири
|  | издавање на авио билети и
|  | резервации и сместување |
Претпријатието NOVAK FAIRS е официјален застапник на :  | Загрепски велесаем-Загреб
|  | Новосадски саем
|  | Изфас Измир - Турција |
Партнер е на регионалните застапници на саемите во  | Хановер
|  | Франкфурт
|  | Дизелдорф
|  | Келн |
ДЕЈНОСТИ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО:
I.ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО НА ИНО САЕМИТЕ
За остварување на оваа цел претпријатието врши:
 | маркетиншко испитување на стопанските текови во Македонија
|  | го слeди развојот на стопанските текови по стопански гранки
|  | вложувањата во стопанството во целина и поединечно во стопанските гранки, со акцент на ино кредитите
|  | aнализа на развојот посебно на малите и средни претпријатија
|  | ги следи економските резултати од Договорите за слободна трговија со земјите со кои се склучени такви договори, а посебно со земјите чии саеми ги застапува Претпријатието |
Сите маркетиншки испитувања се вршат за земјите во регионот, посебно за земјите каде се саемите со кои NOVAK FAIRS има договор за застапство.
Следејки ги горните текови , со активностите за организација на саемско претставување го насочува македонското стопанство и нивното организирано претставување на ино саемите. Договорите со саемите кои ги застапува, ја обврзуваат Претпријатието NOVAK FAIRS, според горе изнесените анализи и маркетиншки истражувања , секој стопански субјект од Македонија посебно да го анимира :  | доставувајки му промотивен и пријавен материјал
|  | анализа за претходно одржаната манифестација со анкета на учесниците за карактеристиките и забелешките на учесниците
|  | склучени договори и аранжмани за претходната манифестација
|  | извештај за саемската манифестација пред нејзиното одржување со податоци за учесниците
|  | Податоци за саемските активности кои ке се одвиваат за време на одржувањето на претстојниот саем, прецизирано со точното време на одржување.
|  | технички податоци и услови за саемот на кој се учествува |
II. СОРАБОТКА СО ОФИЦИАЛНИ ИНСТИТУЦИИ И ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ
Претпријатието NOVAK FAIRS соработува со официални институции (Министерсво за економија, Стопанска комора, стручни сојузи) и деловни субјекти за оние саеми со кои има договор за застапување :  | врши презентирање на саемските манифестации со давање на технички материјал;
|  | активно се ангажира во анимирањето на потенцијалните излагачи;
|  | вклучена е во техничките подготовки на колективниот или индивидуалниот настап на саемите на кои е застапник, во однос на :
|  | транспорт на експонатите
|  | обезбедување на превоз на учесниците
|  | резервации за сместување
|  | и други услуги на излагачите |
По одржувањето на саемската манифестација , Претпријатието доставува анализа за одржаната манифестација , како и извештај до саемската организација за која е застапник.
III.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДЕЛОВНА ПОСЕТА
Како дел од обврските кои произлегуваат со Договорите за застапство на ино саемите е и организирање на деловна посета на саемите за кои NOVAK FAIRS е застапник, но и на позначајните саеми во светот.
Со оваа дејност организирана посета на специјализирани саемски манифестации се постигнува :  | запознавање на стопанството од Македонија со стопанските достигнувања во поедини области од стопанството во светот
|  | запознавање со новитетите и технолошките достигнувања преку изложените експонати и организираните стручно-пропратни манифестации кои се одржуваат на саемот
|  | воспоставување на деловни контакти за соработка
|  | евентуално склучување на нови деловни договори или проширување на постојната соработка |
За остварување на горните цели Претпријатието подготвува промотивен и технички материјал , кој се доставува до потенцијалните учесници или се објавува во јавните гласила.
За успешно анимирање за посета, Претпријатието подготвува:  | технички податоци за предметниот саем
|  | технички податоци за градот и земјата каде се одржува саемската манифестација
|  | програма на стручно - пропратните манифестации на саемот
|  | прелиминарна листа на организациите кои учествуваат на саемот
|  | прелиминарна листа на експонати
|  | изготвување на програма на посетата
|  | обезбедување на транспорт, трансфер и сместување
|  | обезбедување на влезници за саемот
|  | сите други потребни активности за успешна организација на посетата, како што се водич, преведувач, 'rent a car' услуги и др. |
IV.ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЕМИНАРИ, ДЕЛОВНИ СРЕДБИ И СОБИРИ
Бидејки е се поприсутно претставување на стопанските субјекти преку организирани форми на претставување преку семинари, деловни средби и собири, Претпријатието NOVAK FAIRS се оспособи за организирање на оваа активност.
КАДРОВСКА ОПРЕМЕНОСТ
Претпријатието располага со искусен кадар за сеопфатна помош во креирање на саемски настап, изведба на штанд, подготвување и издавање на саемска документација, организација на патување, сместување и превоз.
Директор:
Маја Новак - Черепналковска
Контакт со излагачи:
Светлана Димовска
NOVAK FAIRS е членка на македонско – германското стопанско здружение. 
|